Поврзете се со нас

Македонија

Пандев објави моќна порака и емотивно видео кое не остава никого рамнодушен: Завршува едно прекрасно поглавје

Објавено

на

Во ексклузивното интервју кое вчера го објави „Газета дело Спорт“, Горан Пандев и дефинитивно направи чекор назад и се повлече од професионалното играње фудбал, па откако оваа вест ја пренесоа сите останати медиуми од Македонија, Италија и сите останати земји во светот, со емотивна порака се јави Гоче и преку социјалните мрежи.

Величествената кариера на Гранде Горан ќе остане запаметена по неговите неверојатни партии во Италија, по освоената триплета со Интер предводен од Жозе Мурињо, но и по историскиот пласман на Македонија на едно Европско првенство, турнир на кој тој не водеше како лидер и капитен, а за кој и се избори со гол против Грузија во незаборавното бараж финале во Тбилиси.

Пораката и видеото кое ги објави Пандев на Инстаграм не оставаат никого рамнодушен, бидејќи јавноста и официјално се поздрави со најтрофејниот фудбалер во историјата на македонскиот фудбал.

– Погледнувам наназад и се уште не ми изгледа реално. Тоа беше неверојатно патување. Толку многу емоции носам во себе и сакам да ги споделам со сите кои ме поддржаа во ова патување. Благодарност до моето семејство, сопругата Надица, децата Филипо, Ана и Софија, тие ми беа најголемата поддршка. Им благодарам на моите родители, на мојот брат, тие ми овозможија да го остварам мојот сон.

– Благодарност до менаџерската агенција Бранкини, без нив немаше да го направам сето ова. Им благодарам на сите тренери, претседатели, директори за нивната доверба и за се што научив. Благодарност до сите мои фанови, од прв до последен, сакам сите да ве гушнам. Завршува едно прекрасно поглавје. Во мене носам едно големо богатство со емоции и среќен сум што го споделив со вас. Со цело мое срце…. Горан, – гласи објавата на Гоче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни