Европски првенства
Пандев: Не верував дека на 38 години ќе се пласирам на ЕП, ќе бидеме изненадување на шампионатот
Македонската фудбалска репрезентација во раните утрински часови се врати во нашата држава каде беше пречеката од владина делегација на чело со премиерот Зоран Заев.
На граничниот премин Блаце свое кратко обраќање пред сите присутни имаше капитенот Горан Пандев кој едноствано не можеше да ги сокрие емоциите за овој историски успех и пласман на националниот тим на Европското првенство кое е на програмата наредната година, а на кое во групната фаза ќе се соочиме со Холандија, Австрија и Украина.
-Каково е чувството? Не верував дека на 38 години ќе се пласирам на едно ЕП. Добро што дојде овој коронавирусот, па ми ја продолжи кариерата уште малку. Среќен сум, ми се отсвари желбата, сонот, не само на мене туку на сите на овие момци на цела Македонија, -рече Пандев и додаде:
-Сега треба да се прикажеме во одлично светло, јас верувам во овие момци затоа што имаат квалитет, знаење и мислам ќе бидеме големо изненадување на ЕП, -порача напаѓачот на Џенова.
Видео: ТВ21
-
Македонијапред 17 часа
Давидовски на Валелунга ја започнува седмата сезона во ТЦР Европа
-
Лига на шампионипред 23 часа
Касемиро призна дека страдал гледајќи го четвртфиналето на „Итихад“: Реал има среќна ѕвезда!
-
Англијапред 22 часа
Фабрегас воодушевен од еден играч на Јунајтед: Треба да се гради тим околу него
-
Англијапред 21 час
Швајнштајгер со совет за Рашфорд: Би сакал да го видам во друг тим
-
Германијапред 10 часа
Муслиу со гол со глава ја завери победата на Падерборн (ВИДЕО)
-
Балканпред 23 часа
Крстовски со атрактивен волеј погодок донесе победа за Домжале (ВИДЕО)
-
Италијапред 21 час
Пиоли џентлменски по елиминацијата на Милан: Подобриот тим е во полуфиналето
-
Англијапред 22 часа
Мартинез по контроверзната ноќ во Лил: Не ги разбирам овие правила