Поврзете се со нас

Свет

Пандев: Не го очекував тоа од Холанѓаните (Видео)

Објавено

на

Горан Пандев денеска преку социјалните мрежи им откри на своите следбеници дека се вакцинирал против Ковид 19 и ќе ја започне имунизиран новата сезона во Серија А, која треба да биде последна за него во блескавата играчка кариера.

Гранде Горан одлучи да продолжи со активното играње фудбал на клупски план и во овој момент преговара за најситните детали со Џенова, па вистинско уживање е тоа што ќе го гледаме во италијанската елита уште една сезона по незаборавните сцени во Амстердам.

Пандев го одигра својот последен меч за македонската фудбалска репрезентација на дуелот против Холандија на Европското првенство, средба која ќе ја памети и поради фантастичниот гест и почитта од цела холандска публика.

– Бев изненаден, не очекував таков гест од холандската репрзентација, од холандската публика. Благодарен сум на тоа што го направија, ќе го паметам цел живот. Да се случеше тоа во Скопје, во мојата земја, немаше да биде изненадување.

– Но, да ми подарат дрес во Амстердам и цела публика да стои на нозе, навистина не очекував. Среќен сум и горд на себе и на мојата репрезентација. На крајот заврши се во најдобар ред, – вели Гоче во интервјуто за „Спортлајт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни