Поврзете се со нас

Италија

Пандев: Не гледав ниту девојки од што бев заљубен во фудбалот, а потоа…….

Објавено

на

Горан Пандев ги избра своите три најубави голови во кариерата во ексклузивното и шаренолико интервју кое го направи за официјалниот телевизиски канал на Џенова, разговор при кој покрај тоа што збореше за успесите на професионален план, се наврати и на своите почетоци и љубовта кон фудбалот која правела да ги занемари и девојките.

Македонскиот капитен вели дека бил заљубен само во топката и во безрезервното играње фудбал, но неговиот најдобар пријател го запознал со младата Надица која сега е негова животна сопатничка.

Гоче има три деца со својата сопруга и нивната долгогодишна љубов датира од тинејџерските денови, па Надица заедно со трите деца се најголемата поддршка на искусниот голгетер кој се обиде да објасни колку бил заслепен од љубовта кон топката.

– Кај мене дома, сите бараа повеќе да учам, но јас повеќе сакав да играм фудбал. Играњето фудбал со пријателите беше најдобро нешто за мене. Толку многу сакав да играм фудбал, што дури и не гледав девојки.

– Но, тогаш пристигна Надица. Таа живееше во близина на мојот најдобар пријател и тој ми порача дека таа сака да ме запознае. Отпрвин мислев само на фудбалот, но откако се запознавме, почнавме да излегуваме. Кога ги заврши студиите, таа ми се придружи во Италија. Пред 12 години се венчавме и имаме три деца, Филипо, Ана и Софија. Не сум баш добар татко, постојано сум наоколу, но кога сум дома, сакам да бидам со нив, – со насмевка на лицето порачува Пандев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни