Лига на шампиони
Пандев нагласи што е клучно за Интер против Сити: Тоа ја прави главната разлика во едно финале

Горан Пандев беше дел од златната генерација на Интер која ја освои триплетата под водство на Жозе Мурињо, а како редовен следбеник на случувањата во Милано, поранешниот капитен на македонската репрезентација направи најава за големото финале кое следи.
Оваа сабота во Истанбул силите ќе ги одмерат Манчестер Сити и Интер во натпреварот кој ќе го одлучи новиот европски шампион, дуел пред кој англискиот првак влегува како апсолутен фаворит за освојување на прва титула во најелитното натпреварување.
Пеп Гвардиола како менаџер на Сити ја прифати ваквата улога и нагласи дека неговите играчи ќе мора да се докажат на теренот, но според Гоче, ова може да направи сериозен притисок врз „граѓаните“ и гледа голема шанса за Интер.
– На хартија, Манчестер Сити изгледа како голем фаворит, но Интер има свои оружја за да го стави Сити во неволја и убеден сум дека ќе го направи тоа. Да не бидеме во заблуда поради поразот на Реал со резултат 4:0. Ова е финале и се игра на неутрален терен, не е ништо исто со играње на домашен терен. Исто така, Англичаните ќе ја бркаат триплетата и тоа ќе биде дополнителен притисок за нив.
– Сити е тим кој настојува да доминира, не ви дозволува вие да ја градите играта. Така беше и во Мадрид, Баерн се обиде да наметне темпо, но нивниот план брзо пропадна. Она што мора да го направат играчите на Интер е следно: Мора да бидат во врвна кондиција за финалето, бидејќи физичката подготвеност прави разлика на еден ваков меч, – вели Пандев во интервјуто за „Ил Џорно“, во кое го фали и Симоне Инѕаги.
– Многу сум среќен за Инѕаги, тој го заслужува ова. Добиваше критики, но успеа да се изолира и брилијанто си ја заврши работата. Тој е храбар и сега мора да го убеди својот тим во победа. Неговата ротација сега е подобра од пред неколку месеци и тоа исто така е добра вест за Интер, – додава Гоче.
-
Шпанијапред 17 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Италијапред 20 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 21 час
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 18 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 20 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 19 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)