Поврзете се со нас

Репрезентација

Пандев му одговори на Панчев: Се гледа му е мака што Македонија…

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација ги живее најубавите денови и во изминативе години многу ја радува нашата јавноста, па така откако за прва пат бевме на еден голем настан Европското првенство сега бевме само на еден чекор, еден меч од Светското првенство во Катар, односно на нашиот пат застана Португалија предводена од Кристијано Роналдо.

Меѓутоа и ваквите резултати можат да донесат и една негативна бура особено кога е во прашање Балканот, па така преку јавни изјави се закачија Дарко Панчев и Горан Пандев.

Популарниот Кобра порача дека го цени Пандев и дека има многу направено за македонскиот фудбал, но притоа не заборави да истакне дека Гоче беше дел од составот кој доживеа срамен пораз од Андора.

Панчев: Пандев има голем придонес за македонскиот фудбал, но загуби и од Андора

Ова дефинитивно изнуди реакција од членот на Парма кој за „Фокус“ кратко порача.

-Нема што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европското првенство и бараж за СП, -истакна Горан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни