Поврзете се со нас

Италија

Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А

Објавено

на

Горан Пандев како специјален гостин во подкастот на „Радио лацијале“ направи мала ретроспектива за убавите и лошите моменти кои ги доживеа во својата незаборавна етапа во Лацио, но при обраќањето, легендарниот македонски напаѓач кратко го искоментирал и трансфер потегот на Елиф Елмас.

Непосредно откако потпиша за Торино, Елмас самиот откри дека добил зелено светло од Пандев да ја комплетира зделката, а Гоче сега вели дека италијанскиот фудбал далеку повеќе му прилега на Елиф, отколку оној што се игра во Германија.

Елмас не се снајде во германската Бундеслигата и мина навистина тешка година во РБ Лајпциг, па сега сите со големо нетрпение го очекуваат неговото деби за Торино во Серија А.

– Елмас во Торино? Тој направи добро што се врати во Италија, Серија А е многу подобра лига за него отколку Бундеслигата, – вели Пандев, кој во овој момент не гледа млади македонски таленти кои можат брзо да завршат во Серија А.

– Во моментов има млади играчи од Македонија за кои се уште сметам дека не се доволно подготвени за Серија А. Проблем прави и тоа што Македонија не е членка на Европската унија. Со самото тоа, потпишувањето со такви играчи станува дополнително потешко , – додава Гоче.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни