Поврзете се со нас

Лига на нации

Пандев: Косово не истроши психички и физички, ама Грузија мораме да ја добиеме

Објавено

на

Македонската сениорска фудбалска репрезентација ја очекува уште еден меч во овој „октомврски прозорец“, односно тоа е дуел против селекцијата на Грузија која ја пречекуваме во Скопје.

Ова ќе биде втор меч од вкупно трите кои со Грузијците ќе ги одиграме во краток период со оглед на тоа што во месец септември ремизиравме во Тбилиси (1-1), додека во ноември ќе го играле финалето од плејофот во Лигата на нации за место на Европското првенство во 2021 година.

Во нашата селекција има доста отсутни играчи од првичниот список на Ангеловски, некои фудбалери се повредија, други се суспендирани поради картони, па беа дополнително повикани четири нови имиња од домашниот шампионат.

Ама без разлика на се во македонскиот табор се мотивирани и сакаат со победа да ја заокружуваа овој пеколен распоред, пеколна недела.

Сите што сме тука ќе го дадеме максимумот. Ова е трет натпревар за нас. знаеме Косово колку не истроши психички и физички. Меѓутоа спремни сме утре да излеземе и да славиме над Грузија. Сите конкурираме за почетната единаесетка. Ова е пеколен ритам и не може секогаш да се победи, таков е фудбалот. Наша цел е триумф над Грузија да дојдеме на чекор од таа прва позиција, -порача капитенот Горан Пандев.

Дуелот Македонија-Грузија се игра утре на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни