Поврзете се со нас

Репрезентација

Пандев: Ќе го оставиме срцето на терен за да го израдуваме македонскиот народ

Објавено

на

Македонија и Косово утре го играат дуелот од полуфиналето на Лигата на нации, а еден од играчите кој може да биде клучен за успех на нашиот национален тим е Горан Пандев.

Ветеранот успеа да допатува во Скопје и да и се стави на располгање на репрезентацијата и покрај сите проблеми во неговиот клуб Џенова и многуте позитивни случаи на КОВИД-19. Популарниот Гоче беше меѓу оние кој успеа да го избегне коронавирусот, па сега се надева оти со победа ќе го израдуваат нашиот народ.

-Благодарност до сите кои придонесоа да дојдам и да го одиграм меч. Од ФФМ па преку македонската амбасада во Италија голема благодарност до сите. Добро знаеме што носи овој натпревар, имаме доста искуство, но жално е што нема да има публика. Сакав да играме пред публика, ама ситуацијата е таква каква што е.

-Одиме на победа. Емотивен сум за овој момент. На овој народ му требааат вакви моменти, можам да ветам, дека ќе го оставиме срцето на терен за да го израдуваме македонскиот народ. Нијанси ќе одлучуваат, ние се подготвуваме како за сите мечеви, -порача капитенот на денешниот прес.

Утрешниот натпревар на националната арена „Тодор Проески“ се игра во терминот 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни