Поврзете се со нас

Македонија

Пандев ја стави репрезентацијата на прво место: Гоче си замина од Брера (Фото)

Објавено

на

Горан Пандев беше именуван за спортски директорн а сите македонски фудбалски репрезентации од страна на новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ, по што брзо стана јасно дека неговата досегашна функција во Струмица виси на конец.

Популарниот Гоче беше претседател на Брера Струмица откако клубот се ребрендираше и се стави на располагање на новите газди, но сега кога прва и основна заложба му е промовирање на мак-фудбалот, легендарниот македонски капитен реши да се тргне настрана за да не дојде до судир на интереси.

Неспоивоста на двете функции направи Пандев ова попладне да поднесе оставка како претседател на Брера, а за самото тоа информираше клубот од Струмица.

– Отсекогаш сум зборувал и сум се залагал за развој на македонскиот фудбал и дека треба сериозно да се посветиме за прогрес на клупскиот и репрезентативен фудбал. Верувам дека новото раководство ќе го даде тој инпут на кој ќе бидеме горди сите ние како нација. Репрезентациите треба да бидат наша светост и треба да ги градиме во конутинитет. Имаме потенцијал само треба професионален пристап, – изјави Пандев.

Од клубот Брера Струмица го испратија претседателот со следните зборови:

– Упатуваме искрени честики за изборот на Горан Пандев за директор на македонските фудбалски репрезентации како и до Масар Омерагиќ за изборот за претседател на ФФМ. Им посакуваме успешна и плодна работа во наредиониот период. Се надеваме дека доаѓаат посветли денови за мак фудбалот на кој ќе бидеме горди и ние како фудбалски клубови, – порачаа од Брера.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни