Пандев ја покажа својата класа со шмекерски гол и ја остави Џенова во игра (Видео)

pandev-djenova

Рома комплетно ја надигра Џенова во првото полувреме и сосема заслужено дојде до водство од 0:2, но пред самиот крај на истото, Горан Пандев се погрижи да гледаме интересен втор дел.

Искусниот македонски напаѓач уште еднаш ја покажа својата класа, постигнувајќи шмекерски гол со кој одново демонстрираше фантастично чувство за гол. Овој гол на Пандев пристигна непосредно по вториот гол на Рома, па вториот дел ќе започне со резултат 1:2.

Facebook Коментари