Пандев изрежира нова минијатура и со гол ја заокружи одличната сезона во Џенова (Видео)

goce-topka-radost

Горан Пандев посебно се разигра во завршниот дел од сезоната и почна да ги прикажува своите најдобри партии во дресот на Џенова, а комплименти за своите феноменални игри постојано добива и од тренерот Балардини кој во неколку наврати го посочи Македонецот како клучен играч во тимот.

Џенова мирно ја приведе сезоната до својот крај откако обезбеди опстанок во Серија А, но денеска за жал загуби на домашен терен од Торино во последното коло. Домаќините загубија со 1:2, но фановите на „Луиџи Ферарис“ видоа уште една минијатура на Гранде Горан кој на најдобар можен начин стави крај на сезоната со Џенова.

Пандев доби подарок од противничката одбрана, но уште еднаш покажа класа и со интелигентен потег го лобуваше голманот Милонковиќ Савиќ пред да ја смести топката во мрежата.

Facebook Коментари