Поврзете се со нас

Италија

Пандев изрежира минијатура во шеснаесетникот и донесе значајно водство за Џенова (Видео)

Објавено

на

Џенова тргна максимално фуриозно против СПАЛ со оглед на сериозната ситуација на табелата во Серија А, па по сериозните налети уште од стартот, домаќините поведоа благодарение на минијатурата која ја изведе Горан Пандев.

Македонскиот фудаблски капитен и ветеран уште еднаш докажа дека не е време за заминување во пензија, па со својот деветти гол во Серија А, му донесе многу значајно водство на својот тим.

Искусниот голгер покажа маестрална снаодливост во противничкиот шеснаесетникт по едно неприродно додавање од својот соиграч, па идентично како и на натпреварот со Удинезе, прецизно стрелаше со својата послаба десна нога.

Ова се случи во 24-та минута, а во продолжение, Џенова пропушти да има и посигурно водство и полесен натпревар до крајот.

Домаќините добија пенал во 37-та минута, но како и многупати оваа сезона, истиот не беше реализиран, а овојпат изведувач беше Фалке.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни