Македонија
Пандев избран за делегат во ФФМ од страна на ОФС Струмица

Горан Пандев во последното интеврју за италијанските медиуми најави дека во месец јуни и официјално ќе стави крај на играчката кариера, но ако се суди според последните случувања, искусниот напаѓач веќе има планови за тоа што ќе прави во блиска иднина.
Популарниот Гоче има клуб во Првата македонската фудбалска лига во Академија Пандев, но од денеска е и делегат во ФФМ откако му беше доверена оваа улога од страна на ОФС Струмица.
Општинскиот фудбалски сојуз во Струмица на денешното собрание го избрал Пандев за прв делегат и со тоа Гоче ќе има свое место во Собранието на ФФМ, што всушност е прв официјален чекор како фудбалски работник, надвор од професионалната кариера.
Покрај Пандев, меѓу трите делегати од струмичкиот сојуз се најдоа и Ѓорги Гоцевски како претседател и Ванчо Коцев како трет делегат, по што стана јасно дека ова фудбалско тело од Струмица планира да се вклучи во работата на Фудбалската Федерација, нешто што не го правеше во изминатите 12 месеци.
Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација добил поддршка од 38 членови на денешното Собрание, во кое тој се вклучил преку видео врска на интернет.
-
АТПпред 14 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 11 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 14 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 12 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Светпред 12 часа
Поранешна ѕвезда на Манчестер Јунајтед заработи повреда која може да значи крај на кариерата
-
Англијапред 11 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)
-
Лига на шампионипред 23 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…