Поврзете се со нас

Македонија

Пандев испрати критика до ФФМ преку социјалните мрежи (Фото)

Објавено

на

Фудбалската Федерација на Македонија денеска ги одложи сите натпревари кои беа на програмата поради снежните услови во цела земја, па со таквата одлука, стана јасно дека единствен одигран натпревар е оној меѓу Академија Пандев и Работнички.

Средбата во Струмица се играше во доста лоши услови и пресуди грешката која ја направи домашниот голман, а 24 часа по епилогот на натпреварот, со критика се јави револтираниот Горан Пандев кој како газда на Академија се закани со повлекување од инвестициите во македонскиот фудбал.

– Срамно и жално… уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви, – започна Пандев алудирајќи на лошите услови во кои играше неговиот тим.

– Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес.

– Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал, за нашата (аматерска) лига, колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период… Подготвен сум ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат во ФФМ, да се тргнам настрана, – напиша капитенот на нашата репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни