Пандев им се заблагодари на навивачите: На „Сан Паоло“ секогаш се чувствувам како дома (ФОТО)

pandev

Горан Пандев со својата Џенова освои голем бод на вчерашното гостување кај Наполи со што овој состав уште еднаш покажа дека изгледа далеку подобро, поорганизирано откако истиот го презема Тијаго Мота.

Нашиот Пандев повторно се најде во почетната постава и беше активен на теренот се до 80 минута по што со аплаузи беше испратен од публиката на „Сан Паоло“ која дефинитивно не го заборава учинокот и партиите на Гоче што овој ги имаше за наполитанците во периодот од 2011 до 2014 година.

Пандев не го заборави овој гест, па преку социјалните мрежи ја испрати следнава порака:

-Секогаш кога ќе се вратам на Сан Паоло се чувствувам како дома. Ти благодарам Наполо, -порача капитенот на македонската репрзентација.

https://www.instagram.com/p/B4rhFioioCk/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Facebook Коментари