Поврзете се со нас

Репрезентација

Пандев и соиграчите тргнаа во мисијата наречена „историска победа над Косово“ (Видео)

Објавено

на

Како што беше предвидено, македонската фудбалска репрезентација ова приквечерје го одржа првиот тренинг во пресрет на најважниот натпревар во историјата на нашата селекција, дуелот со Косово кој во четврток се игра на националната арена „Тодор Проески“.

Најлошата вест пристигна пред два дена кога беше потврдено дека за жал Елиф Елмас е еден од двајцата заразени играчи на Наполи со коронавирус, но затоа нашата фудбалската Федерација избори друга голема победа, обезбедуваји зелено светло за пристигнување на Горан Пандев.

Властите од Италија не дозволуваа напуштања на карантинот и поради тоа Бадељ не можеше да одговори на повикот од Хрватска, но после многу напори, Пандев доби дозвола и денеска беше лидер на првиот тренинг.

Капитенот ја поведе најдобрата репрезентација во историјата на нашиот фудбал во походот кој сите го посакуваме, односно победа против Косово, а потоа и триумф на бараж финалето за пласман на Европското првенство.

Натпреварот се игра во четврток, па јасно е дека селекторот Ангеловски во наредните два дена ќе го подготвува и ќе го избере најдобриот стартен состав со кој располага во овој момент.

Предводени од капитенот Горан Пандев, македонската репрезентација ги започна подготовките за натпреварот против Косово! #НапредМакедонија | #MKD | #СегаЕНашеВреме | #EURO2020

Gepostet von Фудбалска Репрезентација на Македонија am Montag, 5. Oktober 2020

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни