Поврзете се со нас

Италија

Пандев и Џенова се изборија за бод на „Луиџи Ферарис“, Аталанта без проблеми до четврта победа

Објавено

на

Екипата на Џенова се избори за бод на денешната пресметка против Сасуоло која се одигра на „Луиџи Ферарис“.

Гостите уште во раната фаза дојдоа до предност од 2-0 и тоа благодарение на погодоците на Скамака во 17 и 20 минута. Ова дефинитивно беше удар за четата на Балардини, меѓутоа веќе во 27 Дестро со одличен удар со глава го врати во игра домашниот тим.

Во продолжението имаше голема борба, тензија, жолти картони за да во 90 Васкез стрела за 2-2 и реми за Џенова кое останува под знак прашање дали ќе биде доволно за Балардини да ја сочува својата работа.

Нашиот Горан Пандев беше стартер и активен до 76 минута кога неговата позиција ја зазема Каиседо.

Аталанта пак ја потврди фаворитската улога и како гостин го преслуша Емполи со 4-1. Словенецот Иличиќ даде два погодоци, погоди и Вити (автогол) како и Запата, додека на спротивната страна реализираше Ди Франческо во 30 минута.

На последниот дуел од 15 часот Удинезе и Болоња одиграа без победник 1-1.

До крајот на денешната програма остануваат натпреварите Наполи-Торино и Јувентус-Рома.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни