Македонија
Пандев и Ангеловски ги добија најпрестижните признанија, ФФМ избрана за најуспешна Федерација

Агенцијата за Млади и Спорт оваа вечер на церемонијата ги додели најважните призанија на спортски луѓе кои ја одбележаа успешната 2020-та година, случување кое се одржа во специјални услови со цел испочитување на протоколите поради коронавирусот.
Сосема очекувано, најважните награди дојдоа од фудбалската сфера, сето тоа како последица на историскиот пласман на Европското првенство кое Горан Пандев и останатите соиграчи ќе го играат во месец јуни.
На церемонијата во „Борис Трајковски“, капитенот Горан Пандев беше избран за спортист на годината, Игор Ангеловски за селектор на годината, а ФФМ е спортска Федерација на годината.
Најуспешен национален тим е фудбалската репрезентација, спортистка на годината е каратистката Вероника Костовска, а за најдобри млади спортисти во машка и женска конкуренција се каратистите Роберто Ацковски и Магдалена Божиновска.
При доделувањето на наградите, не се заборави и успехот кој го остваруваат луѓето со инвалидитет, па така Владимир Тркаљанов како врвен шахист доби награда за најуспешен спортист со инвалидитет.

- Италијапред 23 часа
Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи
- Англијапред 23 часа
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер
- Италијапред 23 часа
Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19
- Лига на шампионипред 24 часа
Гвардиола одговори на прашањето дали се фаворити во Лигата на шампионите: Kога ги гледам нив не би рекол дека сме
- Лига на шампионипред 22 часа
Капело: Прво беше оштетен Лацио, па Аталанта, ова станува сомнително
- Англијапред 21 час
Гвардиола ја откри тајната на Сити за успесите: Имаме многу пари за да купиме неверојатни играчи (ВИДЕО)
- ВТАпред 22 часа
Ѓорческа немаше одговор за шестата носителка во Москва
- Англијапред 21 час
Легендарниот Окоча има совет за Салах за изборот на нов клуб