Поврзете се со нас

Репрезентација

Пандев и Ангеловски добија благодарници од АМС: Покажавме дека сме мала земја со големо срце

Објавено

на

Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски им додели благодарници на луѓето кои беа најзаслужни за пласманот на македонската репрезентација на Европското првенство-Игор Ангеловски и Горан Пандев.

Двајцата по дуелот со Холандија во Амстердам ја завршија приказната со националниот тим, но нивната работа и тоа што го направија за македонскиот фудбал засекогаш ќе се памети.

-Тимот докажа дека кога има слога, има и успех. Безразлика кој од каде доаѓа нашите репрезентативци докажаа дека сплотеноста на тимот е предуслов за тоа што го постигнавме. Покажавме дека сме мала земја со големо срце, истакна Ангеловски.

-Европското е голем успех за секоја репрезентација, особена за нашата. И покрај големите остварувања во мојата долгогодишна фудбалска кариера, за мене настапот на европско првенство со мојата репрезентација е моментот кој го чекав сите овие години, -порача пак Пандев.

Директорот Мојсовски им се заблагодари за сите позитивни емоции кои ги предизвикаа кај целокупната нација.

-Јас доаѓам од спортот и знам како треба да се вреднува спортскиот дух. Мојата цел како директор на Агенција за млади и спорт и на секој еден кој бил дел од спортот да го добие тоа што го заслужува, а за тоа потребна е добра организација, тимска работа и пред се’ чесна трудољубива работа и на самите спортисти, како и на клубовите и федерациите кои ги поддржуваат. Најдобар пример за тоа се капитенот Пандев и селекторот Ангеловски, -рече Наумче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни