Поврзете се со нас

Репрезентација

Пандев го посочи главниот фаворит за ЕП и откри што очекува од Македонија во дебитантскиот настап

Објавено

на

Горан Пандев заслужи да биде херој на најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал, кога на гостувањето во Тбилиси постигна погодок вреден пласман на еден голем турнир како што е Европско првенство.

Македонскиот капитен беше стрелец на голот кој пристигна по фантастичната тимска акција со Елмас и Несторовски, реализација која беше потврда за остварување на еден личен сон, но истовремено и сон на цела нација која сонуваше да ја видие македонската селекција на едно големо натпреварување.

– Кога беа познати групите во Лигата на нации, знаевме дека имаме шанса да се пласираме на Европското првенство од Лигата Д. Бевме најдобри во нашата група пред Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн, а потоа не чекаше полуфинален бараж со Косово. Косово е солидна селекција, но игравме дома и не ја пропуштивме шансата да играме во финале. Господ не награди што игравме квалитетно во континуитет, момците веруваа во успех, како и селекторот Ангеловски кој заврши огромна работа во последните пет години. Одигравме фантастично во Грузија и можевме да победиме со поголема разлика, – вели Пандев во интервјуто за „Ал Џезира Балкан“, во кое се насочува и кон она што следи на континенталниот собир.

– Играм во Италија и можам да кажам дека нивната репрезентација се врати на највисока сцена. Франција и Германија секогаш се при врвот и фаворити, а мислам дека и Португалија и Холандија можат да се борат за титулата. Сепак, Белгија е меѓу најдобрите, играат заедно многу години и можеби е главен фаворит за титулата. И Хрватска може да има значајна улога, но променија важни репрезентативци и ги заменија со млади играчи. Ќе беше поубаво повеќе селекции од овој регион да беа на ЕП.

– Во нашата група се Холандија, Украина и Австрија. Тие сите на хартија имаат предност, но кога играш растеретено и немаш што да загубиш, можеш да направиш многу. Се надеваме дека ќе освоиме некој бод и дека ќе заземеме што подобра позиција во групата Ц, – завршува Гоче кој во интервјуто го избира голот против Грузија како најомилен во неговата кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни