Пандев го опиша Елмас за италијанските медиуми и му испрати трансфер порака

elif-goce

Аурелио Де Лаурентис навести дека трансферот на Елјиф Елмас од Фенербахче е стопиран се додека Наполи не го продаде Унас, но сепак не криеше дека двата клуба веќе се во напредни и завршни преговори за реализирање на зделката.

За официјалната потврда на трансферот од страна на „наполитанците“ ќе се почека уште извесен период, но во меѓувреме, Горан Пандев реши да излезе со изјава за иднината на најталентираниот македонски фудбалер, односно за најавениот трансфер во клубот во кој капитенот своевремено играше во Италија.

– Ако Наполи на крајот го купи, тоа ќе биде апсолутно поволна зделка за нив. Елмасе е еден од најдобрите млади играчи во Европа. Зборував со него и не ми кажа ништо конкретно, но ќе биде среќен ако заигра во Италија. Елмас ќе биде важно засилување за Наполи, бидејќи може да игра на сите позиции во средината, има добро око за гол и може да игра и како играч позади напаѓачот. Верувам дека Наполи е идеален клуб за него, – вели Пандев во изјава за „Скај Спорт Италија“.

Facebook Коментари