Поврзете се со нас

Италија

Пандев ги избра трите најдобри голови во кариерата: Секогаш против Јувентус… (Видео)

Објавено

на

Горан Пандев беше специјален гостин во последната специјална емисија на официјалната телевизија на Џенова, во која капитенот на македонската фудбалска репрезентација говореше за своите почетоци во Струмица, големата љубов кон фудбалот и животната шанса која му се укажа во италијанскиот фудбал.

Гоче е крајно ценет од цела италијанската спортска јавност, бидејќи пред да ја започне својата шеста година како член на Џенова, претходно настапуваше за големи клубови како Интер, Лацио и Наполи.

Пандев вели дека имал убаво искуство во секој клуб за кој настапуваше на Апенините, но кога се во прашање неговите најубави голови во кариерата, вели дека најголем дел од истите ги има дадено против најтрофејниот клуб во Италија. Македонскиот напаѓач секогаш бил посебно мотивиран против Јувентус уште во своите почетоци во Серија А, па сега два погодоци против Буфон ги стави во својата топ 3 листа.

– Најдобри голови во кариерата? Постигнав тука едеодличен во Џенова пред главната трибина. Стануваше збор за лоб погодок против Верона….

– Потоа, се сеќавам на еден гол како играч на Лацио против Јувентус, ги издриблав Канаваро и Турам и постигнав гол против Буфон. За крај, оној како играч на Наполи, исто така против Јувентус, секогаш најубавите голови се против Јувентус. Би рекол овие три, па сите други останати, – со насмевка порача Пандев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни