Италија
Пандев е убеден: Мацари е вистинскиот човек за Наполи!

Наполи доживеа неочекуван пораз од Емполи претходниот викенд, пораз по кој актуелниот првак одлучи да се раздели со тренерот Руди Гарсија.
Потрагата по неговиот наследник не траеше долго и клубот се реши да му даде нова шанса на Валтер Мацари, човекот кој во минатото имаше добри резултати со наполитанците. Се работи за искусен стратег, човек кој многу добро знае што се бара во Неапол, што сакаат навивачите, па нашата легенда Горан Пандев смета дека тој е идеалниот стратег за Елмас и компанија.
-Наполи има десет бода помалку од Јувентус и Интер што е многу, но сигурен сум дека Мацари ќе влезе во топ четири и ќе не забавува во Лигата на шампионите и Купот на Италија. Системот е лажен проблем. Сигурно, тој е вистинскиот човек да го врати Наполи меѓу најдобрите тимови, -истакна Гоче кој жали што Гарсија заработи отказ.
-Жал ми е за Гарсија, никогаш не е убаво да се зборува за тренер додека е отпуштен, но тоа е фудбалот. Наполи има одличен состав и не знам зоштоне успеа. Тоа се случува понекогаш, но тие имаат толку многу талентирани играчи што дури и не знам кој е мојот омилен, -порача Македонецот за „Кориере Дело Спорт“.
Првата средба за Мацари ќе биде против Аталанта во Бергамо.
-
Шпанијапред 18 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 13 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 15 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг