Пандев и Џенова испуштија бод против Аталанта

pandev-genova

Македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев влезе во игра во завршницата на дуелот меѓу Џенова и Аталанта, а тој и соиграчите испуштија бод откако израмнија во финишот, но дозволија погодок во последната минута од судиското продолжение.

Неделната програма во Серија А започна со дуелот во Џенова, на кој гостите поведоа со голот на Муриел од пенал, откако ВАР реагираше неколку минути по колумбискиот дуел Ѕапата-Ѕапата.

Речиси идентична ситуација се случи во 90. минута, кога во шеснаесетникот на Аталанта беше направен прекршок над Куате, кој судијата Фабри веднаш го препозна и покажа на белата точка. Капитенот Кришито не погреши, па Џенова и Аталанта беа блиску до освојување по еден бод.

Сепак, така не мислеше Ѕапата кој во 95. минута постигна атрактивен гол за конечни 1:2, што значи дека Џенова го доживеа првиот пораз во новата сезона, а Аталанта сега има шест бодови.

 

Facebook Коментари