Македонија
Пандев доби важна функција во новата гарнитура на ФФМ, дел од тимот се и Најдоски и Ибраими
Епилогот од денешното Вонредно Собрание на Фудбалската Федерација беше сосема очекуван, односно согласно најавите, Масар Омегариќ и официјално доби акламација за нов претседател од сите претставници кои имаа право на глас.
Омерагиќ е седмиот претседател кој го добива македонскиот фудбал, а откако најави чесна и транспарентна работа во мандатот кој го доби, новиот лидер на ФФМ го избра и својот тим кој ќе се стреми кон големи успеси.
Веднаш по завршеното Вонредно изборно Собрание, Омерагиќ одржа состанок со членовите на Управниот одбор, а на состанокот беа именувани луѓето кои добиваат важни функции во новата гарнитура.
– На состанокот, на предлог на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, членовите на Управниот одбор на ФФМ го избраа Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп за потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија на местото од досегашниот потпретседател, Лазар Ракиџиев.
– На седницата, исто така, беше констатирана оставката од функцијата генерален секретар на Наталиа Илиевска Божиновска.
– За в.д. генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија е назначен Дрилог Ганиу, досегашен заменик на првиот оперативец во „Куќата на фудбалот“.
– На предлог на новиот претседател на ФФМ, македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции.
– Еден од великаните на македонскиот фудбал, Илија Најдоски заедно со нашиот поранешен репрезентативец, Агим Ибраими се назначени за советници во кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
-
Англија24 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија16 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација19 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија21 час
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија20 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)