Пандев доби суспензија и парична казна за црвениот картон на „Виа дел Маре“

pandev-crven

Горан Пандев беше во центарот на вниманието на неделниот натпревар кој се одигра на „Виа дел Маре“ меѓу Лече и Џенова, не само поради блесокот кој го имаше во првото полувреме, туку и поради фактот што заработи црвен картон на 15 минути пред крајот.

Искусниот македонски напаѓач воодушеви во првиот дел и постигна несекојдневен гол, а потоа изнуди и пенал со кој Џенова на полувремето имаше водство од 0:2. За жал, Пандев во периодот од 73-та до 77-та минута заработи два жолти картони, а со оглед на тоа што стануваше збор за симулација во противничкиот шеснаесетник, а искористил и непристоен речник, Македонецот сега ја доби најжестоката казна од дисциплинската комисија во 15-то коло.

Пандев заработи суспензија од два меча, но и парична казна од 12 илјади евра поради исклучувањето на „Виа дел Маре“.

– Покрај суспензијата од два натпревари, изречена е и казна од 12 илјади евра за играчот Горан Пандев од Џенова за симулација на фаул во противничкиот шеснаесеник како и за недолично однесување кон противникот. Исто така, во 32-та минута од второто полувреме, непримерно му се обрати на главниот судија при исклучувањето, – стои во појаснувањето на дисциплинската комисија.

Ова значи дека Пандев ќе го пропушти големото дерби со Сампдорија кое е на програмата претстојниов викенд, како и натпреварот против неговиота поранешен клуб Интер.

Facebook Коментари