Поврзете се со нас

Италија

Пандев доби шампионски прстен од Интер, специјално изгравиран за него! (Видео)

Објавено

на

Пред неполни две седмици, Интер го изненади Горан Пандев со специјана маичка со која беше одбележан „безвременскиот“ успех на тимот во 2010-та година, а откако пред три дена измина точно една декада од неповторливиот момент во Мадрид, клубот од Милано сега подготви нов, уште поспецијален подарок за нашиот капитен.

Интер со „безвременски“ подарок го изненади Пандев, Македонецот се заблагодари од срце (Фото)

Македонскиот напаѓач одигра важна улога во вонсериската сезона на Интер и брзо стана стартер во тимот на Жозе Мурињо, па со оглед на придонесот кој го имаше во сите освоени три трофеи, името на Горан Пандев со големи букви ќе остане испишано во историјата на „нераѕудите“.

Клубот тоа го потврдува и со секој свој ситен детаљ поврзан со актуелниот фудбалер на Џенова, а како што беше ситуацијата и пред 2 седмици, така и вечерва Пандев го презентираше уникатниот подарок кој пристигна од Милано.

Станува збор за специјално изработен прстен кој е уникатен и испратен само до членовите на шампионскиот тим на Интер, меѓу кои и Пандев.

Клубот од Милано внимавал на сите детали и бил навистина оригнален при изработката, бидејќи покрај запишаната година (2010-та), изгравиран е и бројот кој Пандев го носеше таа сезона (27), што го прави прстенот уште поавтентичен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни