Поврзете се со нас

Свет

Пандев беше дел од големиот спектакл во Букурешт, Мурињо го прогласи за македонски крал (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев оваа вечер беше дел од големиот спектакл во Букурешт, настан на кој на едно место се собраа имиња кои тежат многу во историјата на овој спорт.

На една страна ги имавме Романците, славната генерација од 1994 година со асови како Хаџи, Мунтеану, Петреску, Лупеску, Прунеа…предводени од Јорданеску, додека пак во другиот тим, тимот на светот воден од Мурињо беа Пандев, Ривалдо, Дида, Панучи, Кандела, Гомеш, Стоичков, Едмилсон, Коуто, Литманен, Карембе…

Беше доста возбудливо, интересно, ефикасно со голови…а занимливa порака во негов стил испрати Жозе кој нашиот Гоче го круниса за македонски крал.

-Навистина бев пријатно изненаден за поканата и сакам да упатам благодараност до романската фудбалска легенда Хаџи. Чест ми беше да играм на еден таков голем натпревар со толку многу легенди. Ова е потврда дека фудбалот не обединува. Фудбалската магија не познава години, граници, боја и раса, туку таа не спојува. Не води љубовта кон топката, стадионите, натпреварувачкиот дух, токму ова се случи вечерва на стадионот во Букурешт-порача Пандев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни