Пандев и Балардини си разменија феноменални зборови по ремек-делото на Македонецот

pandev-prst

Горан Пандев со маестрална лоб мајсторија ја запачати победата на Џенова која сега и официјално и математички го обезбеди опстанокот во италијанската Серија А, тим кој дефинитивно многу напредуваше откако на тренерската функција беше поставен Давиде Балардини.

Искусниот стручњак уште на првиот прес најави дека круцијален играч во неговиот состав ќе биде нашиот Горан со кого имаше еден долг од непосакуваната епизода во Лацио, а со оглед на тоа Пандев вчера му го обезбеди опстанокот на тимот со ремек-дело во негов стил, по крајот на мечот следеа навистина симпатични изјави на релација играч-тренер.

– Кога пристигна тренерот во тимот, само се погледнавме. И двајцата знаевме што се случи во Лацио и не сакавме да се навраќаме на таа ситуација. Му благодарам за сета доверба која ја има во мене, но им се заблагодарувам и на сите тренери кои веруваа овде во мене. Од Гаспсерини до Јуриќ, – истакна Пандев за „Скај Спорт“ по што следеше возвратна порака од тренерот на Џенова.

– Пандев со својата класа и великодушност е пример за сите негови соиграчи. Никој не е подобар од Пандев, никој не фукнционира на теренот без него. Гледајќи го како игра на теренот, соиграчи се обидуваат да му помогнат и да го имитираат во тоа што го прави, – порачува Балардини.

Facebook Коментари