Пандев и Ангеловски со најмногу поени за Модриќ, Меси гласал за Роналдо! (Фото)

luka-nagradi

Непосредно по завршувањето на гала вечерта која се одржа во Лондон, ФИФА ги објави гласовите на сите капитени кои учествуваа во изборот за најдобар играч во светот, а од тоа што може да се види на листата, нашите Горан Пандев и Игор Ангеловски највеќе гласови дале за победникот на најпрестижното признание

Македонскиот капитен и селекторот Ангеловски имале исто мислење кога е во прашање најдобриот во светот, па така по пет гласа дале за Лука Модриќ кој брилјираше изминатава натпреварувачка сезона како член на Реал Мадрид, а потоа и на мундијалот во Русија. Пандев три бода му доделил на Гризман и еден на Кристијано Роналдо, додека Ангеловски уште гласал за Варан и Де Брујн.

Покрај гласовите на нашите претставници, од она што го приложи ФИФА посебно за издвојување е изборот кој го имал Лео Меси, бидејќи Аргентинецот гласал и за својот голем ривал Роналдо. Меси како капитен на Аргентина му доделил еден бод на Кристијано, три на Мбапе и најмногу, пет на Лука Модриќ.

Од друга страна пак, Роналдо не возвратил со иста мера, па така како капитен на Португалија доделил пет бода за Варан, три за Модриќ и еден за Гризман.

Изборот на Ангеловски

mrme-glasovi

Изборот на Пандев

pandev-glasovi

Изборот на Меси

mesi-glasovi

Изборот на Роналдо

kiki-glasovi

 

Facebook Коментари