Боречки спортови
Пандемијата не ги спречи да учевствуваат на првиот онлајн турнир: Таеквондистите од Охрид со грст медали од „Чешка Е-Опен“

Викендов се одржа меѓународниот отворен Таеквон- до ИТФ онлајн турнир „Чешка Е-Опен 2021“ кој беше во целосна организација на чешката Таеквон-до ИТФ федерација.
Поради пандемијата, турнирот беше организиран преку видео стримови и на истиот изостанаа оние класични спаринг борби, па таеквондистите се натпреваруваа само во една дисциплина, форми.
На турнирот учествуваа 400 натпреварувачи од 47 клубови од 23 европски земји, а на истиот учество зеде и охридскиот клуб „Хва Ранг ИТФ“ кој беше претставен со 15 натпреварувачи.
Таеквондистите од Охрид за прв пат учествуваа на ваков турнир од кој собраа грст медали, еден златен, три сребрени и три бронзени.
– После долго време имавме прилика повторно да го почувствуваме натпреварувачкиот дух, иако е преку интернет сепак желбата за победа ги мотивира нашите натпреварувачи , кои покрај големата конкуренција успеаја да не израдуваат со седум медали, -изјави тренерот на клубот, Марјанчо Лазаревски.
Освојувачи на медали се:
Елена Јанеска 1 место златен медал 6-5 куп (зелен појас) јуниори девојки 14-17 год.
Давид Крстески 2 место сребрен медал 1 дан (црн појас) деца 11-13 год
Христијана Парулеска 2 место сребрен медал 6-5 куп (зелен појас) девојчиња 11-13 год
Никола Балчески 2 место сребрен медал 8-7 куп (жолт појас) јуниори 14-17 год
Давид Велковски 3 место бронзен медал 1 дан (црн појас) сениори 18-39 год
Петар Трифуноски 3 место бронзен медал 8-7 куп (жолт појас) јуниори 14-17 год
Филип Митрески 3 место бронзен медал 8-7 куп (жолт појас) деца 11-13 год

- Англијапред 22 часа
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Италијапред 19 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Англијапред 23 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Шпанијапред 24 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 23 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 20 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 19 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо
- Англијапред 21 час
Брус нема дилеми кој треба да ја освои наградата за најдобар тренер во Премиер лигата