Панчевски ја освои втората велемајсторска норма

filip pancevski ep 2017

Филип Панчевски беше на некој начин трагичар на Европскиот клупски куп во Турција пред еден месец, кога поради неговиот пораз во првото коло екипата имаше тешка задача во второто коло и потоа цело време бркаше да ја надомести разликата, но затоа блесна на Европското првенство во Грција.

Со 6 бода од 9 настапи на првата табла, тој ја освои втората велемајсторска норма и ја продолжува кариерата како единствен шахист во моментов со рејтинг над 2500 бода.

– Ова ми е втор бал, односно ќе ми треба уште еден за да ја потврдам велемајсторската титула. Во минатото, нормата освоена на силен натпревар како Европско првенство се сметаше како двојна, но со новите правила се води како една. Задоволен сум од играта, според позициите можев да имам и повеќе поени на крајот, но сепак целта е остварена. Екипно поминавме одлично, 8 бода од 9 меча се доволни за повисок пласман од нашиот рејтинг. Се надевам дека наскоро ќе го освојам и третиот бал,- изјави Панчевски за „Дерби“.

Моника Стојковска играше на првата табла за Македонија во женска конкуренција и со 4,5 бода од 9 меча освои норма за интернационален мајстор.

Facebook Коментари