Балкан
Панчев: Златан е вистински балканец, затоа се разликува од останатите играчи од Западот!

Дарко Панчев во интервјуто кое го направи за „Спорт Клуб“ направи најава за претстојниот натпревар во Лига Европа меѓу Црвена Звезда и Милан, разговор при кој нагласи дека му дава шанси на својот сакан клуб од Белград во пресметката со италијанскиот великан.
Легендарниот македонски напаѓач смета дека Звезда би го направила реваншот многу интересен доколку успее да го изненади Милан на домашен терен, но покрај паралелите кои ги правеше меѓу двата тима, Панчев даде коментар и за најголемата закана кон голот на српскиот шампион.
Секако, станува збор за Златан Ибрахимовиќ, фудбалер кој игра на иста позиција како своевремено играше големиот Панчев кој беше уникатен по својата снаодливост во шеснаесетникот.
– Златан е голем играч, интересен лик, вистински Балканец. По што се разликуваме ние луѓето од Балканот од оние од Западот? Тие се како восочни фигури. Го немаат тој наш хумор, не знаат да се шегуваат, не знаат да се насмеат и да направат шега.
– Златан го има тоа во себе бидејќи потекнува од овие простори. Што се однесува до неговите играчки квалитети, тука нема што да зборуваме. Феноменален играч, извонреден стрелец. Бог го дарил со физичка цврстина, висина, техника и тој сето тоа го користи извонредно. Секако дека тој ќе биде најголема закана кон Звезда, се надевам дека нема да му оди баш добро на Маракана, – изјави Панчев.

- Англијапред 24 часа
Чудна одлука на Солскјер, познато зошто Де Хеа ќе ги пропушти натпреварите во месец март
- Светпред 23 часа
Хабиб откри дека бил близок со Кристијано Роналдо: Неговиот најголем страв е поврзан околу синот
- Англијапред 23 часа
Кол импресиониран од тоа што го видел од Челси, посочи во што лежи тајната за рапидниот успех
- Англијапред 20 часа
Грилиш со интересен одговор зошто не го комплетирал трансферот во Манчестер Јунајтед: Немаше потреба, го имате..
- Италијапред 22 часа
Ибра и Михајловиќ го украдоа шоуто на Сан Ремо: Нашето пријателство започна со тој удар со глава
- Англијапред 20 часа
Агентот на Салах со кратка и мистериозна порака на социјалните мрежи откако играчот беше изваден од игра против Челси
- Англијапред 18 часа
Манчестер Јунајтед ќе се штити од заминување на најдобриот, подготвува нов богат договор за Бруно Фернандеш
- Англијапред 21 час
Вудворд застана во одбрана на Солскјер и го посочи напредокот кој клубот го има под негово водство