Балкан
Панчев за незаборавните инциденти на „Максимир“: Бобан реагираше неадекватно, политиката го уништи цел регион!
13-ти мај ќе остане во вечно сеќавање на овие простори по една немила сцена која според многумина беше своевиден тест за распадот на СФРЈ, а денеска кога се полнат точно 30 години од незаборавниот инцидент на „Максимир“ кој лесно можеше да одведе и човечки животи, легендарниот Дарко Панчев даде свое видување во интервјуто за „Мондо“.
Популарната „Кобра“ која беше ударна игла во нападот на Црвена Звезда беше еден од гостинските фудбалери кои беа на теренот и им се спротивставија на своите колеги од Динамо Загреб, но сепак наместо битка на теренот, имаше „војна“ на трибините која ескалираше до тој размер, што тогаш младиот Звонимир Бобан шутираше полицаец.
Панчев се потсети на овие тажни моменти и посочи дека Бобан постапил погрешно во таа ситуација, но на крај заклучи дека светската политика направила да видиме распад на една моќна земја.
– Не можам да тврдам, но подоцна се велеше дека тие нереди беа еден „пробен балон“ за распад на државата, нешто што подоцна се случи и беше реализирано. Наводно, инцидентите на „Максимир“ беа организирани за да се сменат полициски командири и началници кои не беа Хрвати. Немаше никаков предзнак дека ќе се случи нешто лошо, до тој момент, нашиот престој во Загреб беше сосема нормален, – се потсетува Панчев.
– Сакам да истакнам дека играчите на Динамо имаа коректен однос, со дел од нив се видов подоцна во репрезентацијата и заедно се согласивме дека тоа што се случи не беше нормално. Можеа да се случат многу полоши работи, – додава Дарко и потоа се осврнува на инцидентот на Бобан со полицаецот.
– Звоне беше млад и понесен од целата ситуација. Реагираше неадекватно за спортист, но јас знам дека тој е одличен и паметен човек, тогаш го понесе еуфоријата. Секој може да погреши.
За крај, Панчев нагласува дека светската политика направила да видиме распад на една страшна генерација која ќе доминирала во фудбалот со години.
– На сцена стапуваше феноменална генерација на фудбалери и реално гледано, без никаква лажна скромност, надоаѓаше декада на светска доминација од југословенскиот фудбал. Наместо тоа, светската политика го уништи цел регион, а не само фудбалот, – завршува незаборавниот македонски голгетер.
-
Балканпред 22 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 9 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 9 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 7 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 14 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Светпред 12 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки