Балкан
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија

Големата трагедија која вчера се случи во Кочани ја зави во црно цела Македонија, но загубата на многу млади животи предизвика голем немир и во регионот, од каде пристигна огромна помош во текот на денешниот ден.
Земјите од Балканот веднаш ни подадоа рака во период кој е еден од најтешките во независна Македонија, а пораки за поддршка пристигнаа и од спортската сфера, особено од Србија.
Новак Ѓоковиќ и Драган Стојковиќ го искажаа своето жалење и неверување за трагичниот настан во Кочани, со тоа што селекторот на Србија најави дека планира да закаже пријателски натпревар со Македонија, со цел да се соберат парични средства за семејствата кои се најпогодени од смртта на најблиските.
Дарко Панчев како легенда на Вардар и Црвена Звезда открива дека оваа идеја ја развил и со Звездан Терзиќ, па очекува да видиме пријателски натпревар и меѓу македонскиот и српскиот великан.
– Му предложив на Пикси да се заложи за комуникација меѓу фудбалскиот сојуз на Србија и оној на Македонија. Целта е да се договори пријателски меч, а приходите од влезниците да им се предаде на семејствата на настраданите во Кочани. Истата идеја му ја изнесов и на генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ.
– Предложив моите поранешни клубови да одиграат натпревар, а Терзиќ ми одговори дека ќе воспостави комуникација со челниците на Вардар. На Звезда и одговара терминот на 16-ти април, но оставнува на клубовите да го договорат терминот. Ако оди според планот, репрезентацијата на Србија би дошла во Скопје во месец мај. Со прифаќање на идејата, двајцата ја покажуваат својата големина. Се надевам дека голем број навивачите на Звезда и Србија ќе нагостиме во Скопје и дека на овој начн ќе ги ублажиме раните од страшната трагедија, – вели Дарко Панчев во интервјуто за „Спорт Клуб“.
-
Македонија22 часа
Воска Спорт: Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, бевме принудени да се повлечеме од теренот
-
Шпанија20 часа
Судискиот експерт на „Марка“ даде оценка за контроверзниот пенал на Барселона
-
Италија19 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија22 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанија8 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија3 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија7 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија17 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите