Лига на шампиони
Панчев: Лицемерието на Западот ја победи Звезда на „Сан Сиро“!
Дарко Панчев стандардно го анализира секој европски настап на Црвена Звезда во Лигата на шампиони, но сега доби уште подобра причина за тоа поради контроверзниот пораз на српскиот првак во Милано.
Европскиот великан Милан победи со голот на Ејбрахам во 87-та минута, но истиот беше постигнат во сомнителни околности, односно во ситуација кога Габија се чинеше дека прави прекршок над Спајиќ.
Ова предизвика голема доза на револт во српската јавност и во текот на денот пристигнуваат „рафали“ за третманот кој го доби Звезда од судиите, па во тој контектс оди и изјавата на македонската „Кобра“.
– Тоа што се случи во финишот, да се случеше во шеснаесетникот на Милан, сигурно ќе се досудеше прекршок и воопшто немаше да се гледа ВАР. Толку од фер играта во Европа. Лицемерието на Западот кон клубовите од Истокот повторно добри потврда, и тоа во една нова димензија. Играчот на Милан го турна ривалот од Звезда. Јас играв фудбал и знам што е градење за позиција, а што е прекршок. Ова беше вистински срам, – остро порачува Панчев во интервјуто за „Спорт Клуб“.
– Звезда заслужи бод, а можеби и три. Не сакам да навлегувам во детали за се што се случи на теренот во 90 минути, би повтори еден збор со големи букви: ШТЕТА.
– Навистина ми е жал и разочаран сум од начинот на кој бевме поразени од фаворизираниот седумкратен европски шампион. Истовремено, задоволен сум од тоа што го покажа Звезда, докажа дека припаѓа на европската елита. Пред Звезда се денови на среќа, потребно е трпение, а по потреба и засилување на играчкиот кадар. Клубот е на прав пат, тимот созрева за високи дострели, а тренерот Милојевиќ влече паметни потези, – завршува Дарко.
-
Англија10 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија17 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија16 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Македонија12 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација5 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Италија16 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Шпанија3 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Аморим издвои еден играч од својот тим кај кого забележал сериозен напредок: Тој е добар пример за сите