Поврзете се со нас

Европски првенства

Панчев ја издвои нашата најсилна страна и порача: Можеме да бидеме пријатно изненадување

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезнетација ја очекува настап на Европското првенство кое се отвара утре во Рим со средбата меѓу Италија и Турција.

Ние овој шампионат ќе го започнеме на 13 јуни против Австрија во Букурешт за да потоа на 17 се соочиме со Украна по што ќе се преселиме во Амстердам каде ќе ја завршиме групната фаза со битката против Холандија (21 јуни).

Ова се ривали со кои можеме да се надигруваме, став со кој се согласува и нашиот славен напаѓач Дарко Панчев кој смета дека можеме да бидиме пријатно изненадување на шампионатот.

-Ова не е некоја премногу силна група. Можеме да направиме убаво изненадување. Холандија е единствената селекција од екстра класа. Со Австрија и Холандија може да се игра. Ова е одлична можност да и се покажеме висок квалитет на Европа. Нема што да загубиме, никој од нас ништо не очекува, -вели Даре за „Спорт Клуб“.

Некогашниот напаѓач на Вардар, Црвена Звезда и Интер смета дека нашата најсилна страна е средината на теренот.

-Имаме четворица извонредни играчи. Ги предводи Адеми кој е капитен на Динамо Загреб. Тука се уште Барди, Алиоски и Елмас од Наполи кој е еден од најголемите таленти на овие простори. Со нив можат сите да се надигруваат, -вели популарниот Кобра кој им порача на играчите да уживаат.

-Можам да им кажам на нашите играчи да уживаат во секој момент. Само ако се опуштени, ќе можат да се покажат во вистинско светло, -заврши Дарко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни