Поврзете се со нас

Балкан

Панчев го состави најдобриот екс-ју тим и најде место за Елмас: Овој состав може до финале на СП!

Објавено

на

Српски „Информер“ направи интересна новогодишна анкета со шест легендарни фудбалери од Балканот, а претставник од Македонија беше неповторливиот голгетер Дарко Панчев кој во свој стил одговорил на задачата која ја добил.

Од шесте фудбалери било побарано да го состават најдобриот тим од 11 играчи од овие простори кои актуелно се занимаваат со фудбал, но покрај Панчев, дел од анкетата биле и Владимир Југовиќ, Предраг Мијатовиќ, Мехмед Баждаревиќ, Томислав Ивковиќ и Златко Заховиќ.

Секако, најголемо внимание за македонската спортска јавност привлекува изборот на Панчев, кој во идеалните 11 го смести и Елиф Елмас кој игра во фантастична форма во Наполи.

– Добро што ми напоменавте дека се работи за тим во кој може да има само актуелни играчи, инаку ако се смета од порано, не би имало место за сегашните. Се шегувам, секако дека има и сега играчи со кои може да се направи тим кој би ја освоил светската титула. Бидејќи бев напаѓач, најмногу ми се допаѓаат играчите кои се во нападот. Би го издвоил Един Џеко, но бидејќи има 35 години, не го ставив во тимот.

– Од младите играчи, ги издвоив Влаховиќ и Митровиќ, тие се извонредни, многу ми се допаѓаат и Србија може многу со нив. Момците кои ги избрав во идеалните 11 играат во тимови кои се во најсилните лиги и имаат голема минутажа. Секогаш ќе има дилеми, но овој тим би дошол најмалку до четвртфинале на Европско или Светско првенство, а со тоа би имал и шанса да стигне до самото финале. Што се однесува до селекторот, немам дилеми. Се знае кој е најдобар, Драган Стојковиќ Пикси, – вели Панчев.

Идеалните 11 на Панчев се следните: Облак (Атлетико Мадрид) – Врсаљко (Атлетико Мадрид), Савиќ (Атлетико Мадрид), Павловќ (Монако), Перишиќ (Интер), Елмас (Наполи), Модриќ (Реал Мадрид), Ковачиќ (Челси), Тадиќ (Ајакс) – Митровиќ (Фулам), Влаховиќ(Фиорентина).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни