Балкан
Панчев го избра најтешкиот натпревар како играч на Звезда: Шекуларац ме освести на полувреме

Црвена Звезда денеска го прославува својот 80-ти роденден и владее славеничко расположение во Белград, а токму поради тоа, редакцијата на „Журнал“ реши да го исконктатира и најдобриот напаѓач во историјата на српскиот великан.
Дарко Панчев одбележа една ера во Звезда и стана европски и светски шампион како лидер во нападот на „црвено-белите“, додека доказ за неговата фудбалската бесмртност е освоената „Златна копачка“ која ја доби две децении подоцна.
Македонската „Кобра“ палеше и жареше како главен голгетер на тимот од Маракана, но љубовта кон Звезда датира уште пред да стане дел од фудбалското семејство на клубот.
– Уште како дете почнав да навивам за Звезда. Тренирав во Вардар од мали нозе и секако дека Вардар како матичен клуб ми е при срце. Сепак, како што станував подобар играч и кога станав мета на големи клубови, најголема желба ми беше да одам во Звезда, – открива Панчев, кој вели дека најтежок натпревар за него во дресот на Звезда бил оној првиот против Вардар на „Маракана“.
– Првпат играв против Вардар во третото коло од сезоната 1989/90. Тоа беше навистина непријатно чувство, тренер ни беше Драгослав Шекуларац. Бевме домаќини и Вардар играше одлично, водеше со 1:0 и 2:1. Бев збунет, ми беше чудно да играм против Вардар. На полувреме бев искран од Шекуларац, ме праша дали ќе играм фудбал, или и понатаму ќе се зезам……
– Го променив начинот на игра во второто полувреме, сфатив дека мора да бидам професионалец и дека сум дел од клуб кој го сакам како Вардар. Дадов два гола и победивме 5:2, потоа кога се вратив во Скопје, имаше измешани реакции на трибините. Секогаш имаше луѓе кои ме поздравуваа, но и такви кои ме исвиркуваа. Беше малку непријатно, но се навикнав. Најтежок ми беше првиот натпревар против Вардар на „Маракана“, – признава Панчев.
-
Игри на среќа23 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Свет22 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони11 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Англија23 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Свет11 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија7 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија22 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија21 час
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)