Поврзете се со нас

Евролига

Панатинаикос стави крај на серијата на Реал, Монако победнички во Милано (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Панатиникос конечно ставија крај на лошата резултатска серија во пресметките против Реал Мадрид и по 13 порази во низа пронајдоа решение, добитна комбинација да слават над шпанскиот великан во Евролигата.

Грчкиот претставник победи со 87-86, победа која а нив беше прва над тимот од Мадрид од 17 април 2018 година. Папајанис со дабл-дабл од 18 поени и 10 скока беше лидер кај Панатинаикос, Папапетру додаде 15 кошеви, додека Еванс и Недовиќ застанаа на 13 поени.

Кај „кралевите“ кои врзаа три порази се истакна Ертел со 18 поени.

Мајк Џејмс пак го предводеше Монако во славјето над Олимпија Милано од 72-63. Пресуден беше третиот период кој гостите го реализираа со 20-6.

Џејм со 19 поени беше прв стрелец, одлично го испрати Хол кој застана на 16 кошеви. Единствен двоцифрен кај „манекените“ беше Шилдс со 22 поени.

Макаби ТА на последниот дуел беше подобар од Асвел со 94-73.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни