Поврзете се со нас

Англија

Панатинаикос се засили со фудбалер на Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Уругвајскиот фудбалер Факундо Пелистри премина од Манчестер Јунајтед во Панатинаикос, соопштија двата клуба.

Како што беше најавено, Пелистри (22) потпиша четиригодишен договор со челниците на Панатинаикос. Во договорот беше ставена клаузула дека во следните три години „црвените ѓаволи“ имаат право на прво право на купување доколку сакаат да го вратат Уругваецот на Олд Трафорд.

Панатинаикос плати шест милиони евра за откупниот договор, плус потенцијално уште два преку бонуси. Исто така, доколку друг клуб го купи Пелистри, 45 отсто од трансферот ќе оди на сметката на Манчестер Јунајтед.

Пелистри пристигна во Јунајтед во 2020 година од Пењарол, но не успеа да ги импресионира менаџерите на клубот, играјќи за Алавес и Гранада како позајмен играч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни