Поврзете се со нас

Евролига

Панатинаикос преку трилер го сруши Виртус, Баерн ја одбрани честа на гостинските екипи (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Панатинаикос славеа над Виртус Болоња со 88-85 во најдраматичниот меч оваа вечер во Евролигата.

Немаше победник по четири четвртини (76-76), па мораа да се играа дополнителни минути во кои домаќините подобро се снајдоа и дојдоа до третиот сезонски триумф. Најрасположен за игра беше Вилијамс со 26 поени и 8 скока, одлична поддршка беше Волтерс со 18 поени, додека Бејкон и Ли искомбинираа 29 кошеви.

Кај поразените дабл-дабл имаше Жате со 20 поени и 10 скока.

Басконија пред своите гледачи го доби Жалгирис со 93-73, односно Баерн Минхен ја спаси честа на гостинските екипи со славјето над Асвел од 75-74.

Четири играчи на „баварците“ беа двоцифени, најефикасен беше Лучиќ со 13 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни