Поврзете се со нас

Англија

Палмер за „препирката“ со Халанд: На Ерлинг му беше смешно…(ВИДЕО)

Објавено

на

Челси и Манчестер Сити одиграа страшен натпревар во Премиер лигата, средба со осум погодоци и резултат 4-4 за поделба на бодови.

„Сините“ постигнаа гол за реми во последен момент и тоа преку довчерашниот играч на Сити, Кол Палмер кој длабоко во судиското продолженија ја презема одговорноста и го матираше Едерсон. Со ова Палмер ја продолжи својата одлична серија од 11 метри (четири од четири), но во исто време како награда за добрите изданија доби повик од англискиот селектор Герет Саутгејт за престојните средби против Малта и Македонија.

За време на дуелот на „Стемфорд Бриџ“ имаше и една интересна ситуација која гостинските играчи нешто се договараа, а Палмер се обидуваше да наслушне по што Халанд го турна на страна.

Токму за оваа ситуација Кол имаше можност да проговори и каже што навистина се случи:

-Ништо не слушнав. Искрено, јас само се смеев. Мислам дека на Ерлинг тоа му беше прилично смешно, а на другите не, -истакна офанзивецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни