Поврзете се со нас

Англија

Палмер за Покетино: Сите го сакаа, ги постави темелите…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Кол Палмер имаше навистина импресивна прва сезона во дресот на Челси, сезона во која беше дали најдобар, најконстантен играч на составот од „Стемфорд Бриџ“.

Тој имаше учинок од 22 гола и 11 асистенции во 33 натпревари во Премиер лигата што на крајот беше доволно да го понесе признанието за најквалитетен млад фудбалер за натпреварувачката 2023/2024.

Голема заслуга за тие партии дефинитивно има менаџерот Маурисио Покетино кој едноставно направил атмосфера, изградил однос со него за да може да биде на највисоко ниво. Аргентинецот во меѓувреме заработи отказ и младиот Кол жали што клубот повлече таков потег.

-Кога првпат дојде ги постави темелите и се погрижи сите да знаат што се бара. Потоа почна да не учи што сака да прави. Ама прво ни требаше таа база. Како човек-менаџер, тој би те турнал ако се опуштиш.

-Тој беше навистина добар за мене. Ме опушташе и имавме навистина добар однос. Имаше тешка работа, половина од тимот беше повреден – некои многу важни играчи, исто така – така што му беше тешко. Ама сите го сакаа. Сите играчи го направија тоа и тој беше многу важен и за мене, -порача Англичанецот за „Сан“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни