Поврзете се со нас

Европски првенства

Палмер за малата минутажа на ЕП: Не гледам причина…

Објавено

на

Кол Палмер имаше фантастична индивидуална сезона во Челси и сосема заслужено се најде во составот на Англија на Европското првенство, турнир на кој пак изненадувачки не доби ниту една минута на првите два дуели со Србија и Данска за да во соочувањето со Словенија конечно добие прилика и остави одличен впечаток во 25 минути во Келн.

Останува да се види дали со овој настап конечно ќе го убеди селекторот Саутгејт да му даде поголема шанса да ги покаже своите квалитети, а она што е чисто и јасно е дека играчот е спремен да помогне кога и да биде потребно.

-Се уште сум полн со самодоверба. По сезоната што ја имав, не гледам причина зошто да паднам. Затоа, само ќе се обидам да останам позитивен и кога ќе излезам на теренот, ќе се обидам да имам влијание, -вели Палмер и додава:

-Само се обидов да ја играм мојата игра кога влегов и мислам дека тоа го направив. Се обидов да создавам шанси и да бидам позитивен. Има одлични играчи насекаде во тимот, така што јас го  поддржувам кој и да е на теренот и кога ќе добијам шанса, треба да се обидам и да покажам што можам да направам, -порачува Кол кој се надева дека допрва Англија ќе го покаже најдобриот фудбал.

-Нашата цел беше да се квалификуваме и да завршиме на првото место во групата и тоа го направивме. Но, знаеме дека има нивоа што можеме да ги достигнеме и се надеваме дека можеме тоа да го покажеме. Сите мечеви на турнирот се тешки како што можете да видите, без разлика за кого станува збор. Значи, знаеме дека треба да се движиме нагоре низ тие нивоа [перформанси] и се надеваме дека можеме тоа да го направиме, -подвлече младата ѕвезда.

Ривал на „трите лава“ во осминафиналето е селекцијата на Словачка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни