Англија
Палмер спречи радост на „неговиот“ Сити, па порача: Беше многу чудно…
Челси и Манчестер Сити одиграа страшен натпревар во Премиер лигата, средба која заврши без победник со по четири гола во мрежите на Санчез и Едерсон.
Двете екипи имаа свои моменти на соочувањето на „Стемфорд Бриџ“, двата клуба имаа можност, позиција да водат, ама на крајот мораа да се задоволат само со бод. Сити ја имаше победата до 95 минута кога Кол Палмер ја реализираше најстрогата казна за конечни 4-4.
Ова за Палмер беше специјален момент со оглед на тоа што тој е дете на Сити, играч кој дојде во Лондон во самата завршница на летниот преоден рок.
-Беше многу чудно бидејќи првпат играв против Манчестер Сити. Долго време се чекаше да го изведам пеналот, но се чувствував сигурен. Имав неколку досега, останав фокусиран. Нема да кажам дека работам на пенали, бидејќи не го правам тоа. Само верувам во мојата способност, -порача Палмер кој има четири од четири кога се во прашање ударите од 11 метри како член на Челси.
Cole Palmer. 4-4. What a game! pic.twitter.com/MEXXDSYvyx
— Erm (@CFCErm) November 12, 2023
-
Шпанијапред 17 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 12 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Светпред 16 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 12 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 16 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 14 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 17 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг
-
Германијапред 15 часа
Ѕвезди на Баер Леверкузен на тест по географија: Фримпонг киксираше на македонското знаме (Видео)