Англија
Палмер собори рекорд на Челси стар над две децении, па доби честитки од досегашниот рекордер
Челси вчера имаше водство, но дозволи пресврт на дуелот со градскиот ривал Фулам и му овозможи на Ливерпул да ја зголеми предноста на врвот на премиерлигашката табела.
Мала утеха за стрелецот на единствениот гол, Кол Палмер, е фактот што со реализацијата во мрежата на Бернд Лено стигна до еден важен клупски рекорд.
За англискиот репрезентативец ова бил 26. гол годинава, со што успеа да постави нов рекорд за бројот на постигнати голови во една календарска година.
Досегашниот рекорд беше 25 погодоци во реализација на Џими Флојд Хазелбенк во далечната 2001 година, а поранешниот холандски фудбалер уште по средбата го коментирал овој момент.
– Момчето го заслужи ова. Рекордот стоеше долго време, сега е минато, но не постоеше подобра опција од тоа Палмер да го собори, – рекол Хазелбенк.
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија18 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација20 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија21 час
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Италија16 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан
-
Англија21 час
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)