Поврзете се со нас

Англија

Палмер ја претстави својата атрактивна девојка на „црвениот тепих“, па ја тролаше новинарката која му правеше интервју (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Кол Палмер бил една од неколкуте млади премиерлигашки ѕвезди кои биле дел од изборот на „маж на годината“ во режија на „Џи-Кју“, но играчот на Челси се нашол во центарот на вниманието поради неколку причини.

Англискиот репрезентативец за првпат се појавил во јавност со својата нова атрактивна девојка со која излегува неколку месеци, сонародничката Кони Грејс која е родена во Манчестер.

Станува збор за млада атрактивна девојка која е позната како британска инфлуенсерка, а со самата појава на свеченоста во Лондон, Кони направила Палмер да се најде во прв план.

Кол заедно со себе ја понел и својата мајка Мари со која исто така позирал пред папараците, но бил расположен и за тролање на официјалната новинарка на „Џи-Кју“.

Во разговорот, Палмер требаше да бира меѓу „автогол и вадење на полувреме“ и „гол од половина терен и гол со ножички“, при што новинарката му нагласи дека може да го подучи да дава голови на двата начини.

Кол кусо и одговори дека „не може да го направи тоа“, па бизарното интервју брзо стана и предмет за доста шеги на социјални мрежи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни