Поврзете се со нас

Англија

Палмер истрола соиграч од Челси на Инстаграм: Што си го тагнал шефот?

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Добрите резултати овозможија подобрување на ситуацијата во соблекувалната на Челси, па дури и допинг скандалот на Микајло Мудрик не може целосно да ја засени еуфоријата на „Стемфорд Бриџ“.

„Сините“ влегоа во одлична резултатска серија, а Кол Палмер како еден од лидерите на оваа генерација успеа да ги насмее фановите и со еден коментар на Инстаграм.

„Жртва“ беше неговиот соиграч Ромео Лавија, кој на Инстаграм објавил неколку фотографии, вклучувајќи и една заедничка со менаџерот Енцо Мареска, чиј профил го тагнал на фотографијата.

Тоа бил повод за одличен сеир, посебно откако Палмер стана хит со коментарот, алудирајќи на фактот што Мареска не следи никого од фудбалерите на оваа социјална мрежа.

– Што си го тагнал тренерот како да ќе те заследи? – напишал Палмер и „триумфираше“ на објавата на Лавија.

Мареска следи само седум профили, но сите се официјални на клубови, односно УЕФА, ФИФА и слично.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни